Најновите снимки од епицентарот на короната се како од „друга планета“ (видео)

од Nikola Popovski

Вухан, епицентарот на пандемијата на коронавирус, повторно ги отвори ноќните клубови, додека остатокот од светот засега може да сонува само за тоа, бидејќи се уште се на сила  бројни мерки, за да се спречи ширењето на инфекцијата.

Младите во Вухан доживуваат катарза откако ноќниот живот се врати во тој град, пишува „Вион“.

На социјалните мрежи се шират снимки од забави и концерти, на кои се гледа како младите жители на Вухан уживаат да излегуваат во гужви, се дружат по клубови и јадат на улични тезги. И сето тоа без да се носат заштитни маски. Изгледа дека тие го надополнуваат изгубеното време од завршниот период.

„Се чувствувам како да живеам поинаков живот по првиот бран на епидемијата во Вухан“, изјавила Џанг Квионг (29), која својот роденден го прославила со пријателите во преполн паб.

Нема пријавени нови случаи на локално пренесување на коронавирус во Вухан уште од 10 мај, иако градот и целиот регион беа извесен период во најстрогиот карантин во светот.

Градот со 11 милиони жители беше отсечен од остатокот на Кина, а затворањето започна на 23 јануари. Патиштата беа блокирани, возовите, автобусите, а авионите не можеа да слетаат во градот. Скоро 3.900 од 4.634 смртни случаи предизвикани од коронавирусот во Кина, се забележани во Вухан.

Слични содржини