Најново: Авионот паднал кај Кожле, шестмина загинати

од Vladimir Zorba

 

Авионот што исчезна попладнево се урнал кај велешко Кожле, каде што се најдени остатоци од леталото.  Локацијата на уривањето ја потврди Министерството за внатрешни работи.policija_16

Во несреќата загинале шест патници чиј идентитет не е утврден, но италијанските медиуми објавија дека се работи за четворица Италијанци и за двајца косовски државјани.

Авионот бил приватен со германски национални ознаки, од типот „Пајпер Па 34-200 Т Сенека“. Полетал од Тревизо, Италија, а крајната дестинација му била Приштина. Над Македонија требало да изврши прелет и бил пријавен на аеродромот „Александар Велики“-Скопје за дополнување гориво.

Исчезнувањето на авионот од радарот денеска попладне во 17.40 часот во МВР го пријавила Контролата на летање на скопскиот аеродром.

За настанот е информиран Јавен обвинител и Комитетот за истражување авионски несреќи.

 

Слични содржини