Најопасното овошје за оние со висок шеќер во крвта

од Stefanija Kuzmanovska

Храната со висок гликемиски индекс може да предизвика брз скок на шеќерот, па затоа треба да ја избегнуваат не само дијабетичарите, туку и сите оние кои се борат со гликозата во крвта.

Оваа храна предизвикува телото да произведува вистински наплив на инсулин за да се спротивстави на јаглехидратите и вообичаената последица, а тоа е чувството на глад во рок од два до три часа. Токму затоа се доживува напад на желба за дополнително количество храна.

Прва на листата на ризични овошја кои имаат висок гликемиски индекс е бананата, но треба да избегнувате и портокали, манго, грозје – свежо и суво, како и урми. На крајот од оваа листа се крушите.

Од овошјата, сите видови бобинки имаат низок гликемиски индекс – јагоди, капини, малини, боровинки, потоа сливи, киви и грејпфрут.

Покрај внимателното бирање на овошјето, секој кој има проблеми со висок шеќер во крвта треба да води сметка и за урамнотежена исхрана.

Секогаш треба да бидат вклучени интегрални житарки, мешунки и зеленчук. Исто така, треба да се направи јасна разлика помеѓу здравата храна и онаа со низок гликемиски индекс. Лубеницата, на пример, се смета за здрава храна, но нејзиниот гликемиски индекс е висок.

Други примери на храна со висок гликемиски индекс се шеќерот и слатките, благите безалкохолни пијалоци, бел леб, компири и бел ориз.

Слични содржини