Најотровното дрво на светот: Може да се затруете дури и ако стоите под него кога врне

од Elena Daskalova

Отровното дрво Hippomane mancinella го открил радиологот Никола Стрикленд во 1999 година, за време на одморот на Карибите, заедно со нејзината пријателка.

Тие пронашле дрво со плодови со сладок мирис и одлучиле да пробаат, но по кратко време сфатиле дека се работи за нешто што не смее да се јаде.

Ова дрво уште се нарекува и „јаболко од плажата“ и „отровна гуава“, а на шпански се вика „arbol de la muerte“ што значи дрво на смртта. Растението потекнува од тропските делови на јужниот дел на Северна Америка, а го има и во Централна Америка, на Карибите и во делови од Јужна Америка.

Како што објаснуваат од Институтот за храна и земјоделски науки во Флорида, сите делови од ова дрво се отровни и интеракција и голтање на кој било дел од ова дрво може да бидат смртоносни.

Поради застрашувачките својства, во некои делови од светот овие дрвја се обоени со црвен крст, црвен прстен или пред нив се поставени знаци за предупредување.

Иако некои би помислиле дека толку отровни дрвја треба да се отстранат, сепак, научниците потенцираат дека тие играат важна улога во локалните екосистеми бидејќи растат во густи грмушки кои обезбедуваат заштита од ерозија на крајбрежјето во Централна Америка.

За среќа, Стрикленд и нејзината пријателка преживеале затоа што каснале мал дел од јаболкото. Биле потребни повеќе од осум часа за нивната болка да се смири, додека пиеле пинаколада и млеко.

Слични содржини