Најпаметните луѓе се родени во овие хороскопски знаци

од Stefanija Kuzmanovska

Астролошки гледано, најпаметните луѓе се родени во знакот на Водолија и Скорпија. Интересно е што овие два знака го делат првото место поради две различни причини. Родените во знакот Водолија имаат изразено ниво на аналитичка интелигенција мерена според когнитивните способности и коефициентот на интелигенција. Скорпиите, од друга страна, имаат остар ум – тие се најдобри во реалното проценување и разбирање на светот во целина.

Тоа не значи дека другите хороскопски знаци не се интелигентни и паметни на свој начин. Всушност, Близнаците и Вагата имаат и изразени аналитички способности, а според Нил Кретбри, астролог од школата за астрологија Мајо, не треба да се занемари ниту емоционалната интелигенција. Раковите и Рибите се најинтелигентни во овој поглед. Тие имаат изразена способност да ги препознаваат и судат своите и туѓите чувства.

Од друга страна, земјените знаци – Бик, Девица и Јарец покажуваат практична интелигенција, додека огнените знаци – Овен, Лав и Стрелец имаат тенденција да бидат најинтуитивни, што ги прави поподготвени да преземаат ризици и да пополнат водечки позиции.

Слични содржини