Дигестивниот систем е кревок. Неговиот баланс може да се наруши од многу видови храна и прехранбени комбинации. Најчестите манифестации на гастроинтестинални нарушувања се дијареа, запек, гасови, надуеност, гадење, болки.85c1f6e64a429f3d38697a64301d924d

Има храна која ги ублажува овие симптоми и не само тоа – тие се најнераздразнувачките за желудникот производи. Еве ги и нив:

Папаја

Во папајата се содржи посебен ензим наречен папаин кој докажано помага на дигестивниот тракт. Папаинот придонесува за олеснување на дигестивните пречки и го намалува отокот.
Папајата се препорачува кај чиреви, гастрични растројства, киселини и дијареа.86ca42d87dd8c6e544f6b212cd3515e5

Овесни трици
Овесните трици содржат корисни нерастворливи и растворливи растителни влакна. Збирот од овие два вида влакна придонесува за правилна обработка на храната, со што се намалува ризикот од појава на каква и да е непријатност.
Овесните трици се корисни уште бидејќи го победуваат високиот холестерол и имаат низок гликемиски индекс.

Цимет
Циметот е многу корисен при утринското гадење, кое се појавува кај бремени жени. Тој се користи уште при дијареа и подуеност. Циметот помага за расејување на гасовите и го намалува отокот.

Јаболка
Јаболката се исто така со висока содржина на нерастворливи влакна . Покрај тоа, тие се богат извор на природен пектин, кој го намалува холестеролот и помага за прочистување на токсините. Јаболката не го иритираат стомакот, ако се консумирани на гладно сурови или печени.c770bab9362f7db2d6094368b7d02fc6

Копар
Копарот е многу моќен против гасови. Половина лажичка копар на ден е доволна да се одржат гасовите и отокот далеку од вас.

Авокадо
Авокадото е меѓу најкорисните плодови. Тоа е многу богато со корисни масти, калиум, влакна и е доволно нежно по текстура, за да биде прифатено добро од желудникот. Интегрално парче леб со авокадо за појадок е одличен начин за почеток на денот – ќе ви ги даде потребните хранливи материи и ќе ве наполни со енергија до ручек.

Слични содржини