Најпотресната сцена од пандемијата во Индија: Ќерка се обидува да ја спаси својата мајка (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Индија веќе некое време бележи негативни рекорди кога станува збор за пандемијата на коронавируси. Бројот на новоинфицирани и починати од коронавирус е голем секој ден. Болниците се преполни и голем број луѓе дури и не стигнуваат до нив. Дејли Меил објави видео во кое е снимена веројатно најпотресната ситуација од корона-кризата во Индија.

На видеото се гледа како ќерка ѝ дава вештачко дишење на нејзината мајка во залуден обид да ѝ го спаси животот во преполната болница за време на вториот брутален бран на коронавирус.

Видеото е снимено во саботата во болница на северот на државата Утар Прадеш. Двете ќерки се прикажани како стојат над носилка каде нивната мајка лежи неподвижна, пренесува „Дејли мејл“.

Бидејќи нема лекар на повидок, едната ќерка и дава вештачко дишење на мајката, додека другата гледа. На крајот, тие не успеале да ѝ го спасат животот.

Лекарите рекле дека пациентката била донесена во болницата на смртна постела и дека таа веќе била почината.

Индија во моментов се соочува со најлошиот втор бран на коронавирус во светот. Здравствениот систем се распаѓа, во болниците нема кислород, па затоа голем број граѓани се лути на својата влада заради начинот на кој се справува со кризата.

Слични содржини