Најсексапилните професии се на танчерките и модели, покажува новото истражување, според кое 32% од луѓето ги гледаат овие две професии како секси.4787074

На второ место на листата се стјуардесите (22%) и фитнес инструкторите (12%). Тоа автоматски значи дека и зачинетите фантазии најчесто се поврзани со луѓе кои ги вршат овие професии. 11% од учесниците ги сметаат за секси полицајците, а само 6% ги посочуваат медицинските сестри и лекарите.

Полицајците и војниците им се допаѓаат на од 3% од испитаниците, а учителите на 2%. Економистите, новинарите, адвокатите добиваат само 1% од гласови, колку што имаат и продавачките и готвачките.

Но, каква е реалната љубовна активност на работното место. Излегува дека вработените во сферата на услугите, економистите и правниците често фантазираат на работа, а луѓето во сферата на трговијата се впуштаат и во љубовна романса на службеното место.

73% од жените признаваат дека се флертуваат со колеги, поради што над 43% се трудат да изгледаат добро секој ден. 37% од жените сметаат дека најголем непријател на сексапилот е тешката физичка работа, 7% велат дека сериозните одговорности на работното место може да го нарушат изгледот, а 3% веруваат дека умствената работа огрдува.

Слични содржини