Најсекси навивачката на Јунајтед прати порака до клупските легенди

Жешката навивачка на Манчестер Јунајтед објави фотографија во танга гаќички со која му оддаде почит на клупската легенда Ерик Кантона.

Катрина Мариа, која веќе неколку години има репутација за најсекси фан на Црвените ѓаволи, позирала во дрес од Кантона со бројот 7.

„Нашиот Крал“, напишала во описот на фотографијата која добила илјадници допаѓања во само неколку часа.

Катрина е модел од Фарските острови која живее во Копенхаген и на Инстаграм постојано покажува колку го сака Јунајтед.

По победата против Брајтон, таа позирала во дред на Оле Гунар Солшер, уште една клупска легенда, денес на местото тренер.

На својот профил има повеќе од 66 илјади следачи кои редовно ги „чести“ со секси провокативни фотографии во кои најчесто носи обележја од нејзиниот омилен клуб.

Слични содржини