Најсигурен начин да ги отстраните пестицидите од грозјето

од Stefanija Kuzmanovska

Грозјето е едно од овошјата кои имаат најголема концентрација на пестициди на себе. Во некои случаи, пестициди може да останат на грозјето, дури и после миење.

Ова го зголемува ризикот од изложеност на хемикалии кои не се добри за здравјето на организмот, па затоа треба да се измие соодветно и темелно.

Миење на грозјето со оцет

Оцетот е една од соодветните намирници за миење грозје. Важно е да почекате со миењето на грозјето ако не планирате да го јадете, ова ќе спречи дополнителната влага да го забрза процесот на скапување.

Потопување на грозјето во оцет и вода

Измешајте вода и оцет. Ова е најефективната концентрација за отстранување на бактерии и пестициди.

Ставете го грозјето во раствор од вода и оцет и оставете го да отстои 5-10 минути. Потоа исплакнете го секој куп одделно со ладна вода. Овој процес ќе ги измие преостанатите бактерии или остатоци, а исто така ќе го елиминира вкусот на оцет.

Слични содржини