Најстрашното видео од Бејрут: Исчезнал цел кварт и се појавила печурка

од Aleksandar Petrovski

Најмалку 70 лица загинаа, а голем број се повредени во страотната експлозија, денес во близина на центарот на Бејрут, што предизвика рушење на балконите на зградите, кршење прозорци во куќите и други материјални штети, со огромен облак прашина и чад што личи на атомска печурка.

Експлозијата се случила во градското пристаниште, каде се наоѓаат магацините со експлозив, објави либанската државна новинска агенција ННА.

Според безбедносни извори, во таа област има и складирани хемикалии. Една од теориите е дека експлозијата можела да биде предизвикана од натриум нитрат, конфискуван на бродот пред една година, кој бил во магацин во пристаништето. Петарди и огномет може да се слушнат пред да следи катастрофалната експлозија.

Сепак, засега не е позната точната причина за експлозијата или каков вид експлозиви се наоѓа во складирање.

Гувернерот на пристаништето во Бејрут изјави за „Скај њуз“ дека екипата на пожарникарите кои биле на лице место исчезнала по експлозијата. Еден од службените лица на либанската престолнина ја спореди оваа катастрофа со Хирошима.

Според министерот за здравство, голем број луѓе се повредени во експлозијата.

Слични содржини