Најтрофејниот македонски фудбалски клуб испадна од Првата лига

од Vladimir Zorba

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги загуби и теоретските шанси за опстанок во Првата лига, откако попладнево загуби на гостувањето кај Струга во претпоследното коло од сезоната 2020/21.

Резултати на натпреварите од 32. коло во ПМФЛ играни попладнево:

Беласица – Академија Пандев 0:2
Борец – Ренова 2:0
Македонија ЃП – Шкендија 3:4
Работнички – Силекс 3:1
Шкупи – Пелистер 0:0
Струга Трим Лум – Вардар 1:0.

Табела: Шкендија 74 бода, Шкупи 58, Струга Трим Лум 54, Македонија ЃП 52, Работнички 47, Пелистер 42, Борец 40, Академија Пандев 38, Силекс 36, Ренова 35, Вардар 31, Беласица 17.

Слични содржини