Најцрн ден во Италија: Речиси 1000 жртви од коронавирусот во последните 24 часа

од Nikola Popovski

За жал, нема убави вести од Италија овој петок.

Во последните 24 часа, регистрирани се 919 смртни случаи како резултат на инфекција со „КОВИД-19“, што претставува нов црн рекорд, не само во оваа земја, туку насекаде од почетокот на пандемијата . Со тоа, бројот на починати во Италија се искачи на 9.134.

„Тоа е најголемиот број жртви во еден ден“, соопшти службата за Цивилна заштита во Рим. Според податоците вкупно 10.950 лица се хоспитализирани, а 3732 се наоѓаат на интензивна нега.

Слични содржини