Најубавата жена на филмското платно некогаш ја нападна Ким Кардашијан

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата француска актерка Изабела Агани беше прогласена за најубава жена на филмското платно од „ЛА Тајмс“ пред неколку години, во филмот „Кралицата Марго“.

Изабела со години ретко се појавува во јавноста, а настанот на кој редовно присуствува е Канскиот филмски фестивал.

Таа сега нејзиното внимание го насочи кон старлетата Ким Кардашијан и денешните идеали за убавина.

„Ако Ким Кардашијан е икона, тогаш јас сум кралицата на Англија. Ако Ким Кардашијан е икона, би сакала да бидам подобар социолог и семиолог за да ги испитам овие феномени на влијателни луѓе и инфлуенсери, како и целата нарцисоидна филозофија на социјалните мрежи фокусирана на бројот на следбеници… Ако Ким Кардашијан е икона, парите навистина станаа Бог“, изјави актерката за „Ле Фигаро“.

Слични содржини