Актуелно
Почетна / Сцена / Најубавиот маж на светот откри дека мириса на боички

Најубавиот маж на светот откри дека мириса на боички

Доколку некогаш сте се прашувале како мириса ѕвездата на Самрак и идниот Бетмен, овој одговор најверојатно, никогаш не го очекувавте.

Имено, како што открил во интервју за Allure, Роберт Патисон често добива коментари дека мириса како боички.

Иако веќе седум години е заштитно лице на парфемот Dior Homme, актерот во истото интервју изјавил дека ретко носи парфем, а во ситуациите кога го носи сите му велат дека мириса како дрво, иако ни сам не знае што тоа точно значи.

Покрај тоа, тој додал дека омилен мирис му е “оној кој човекот го има кога ќе се заљуби“ и дека не може да поднесе мирис на запалена коса.

Инаку Патисон, според британскиот естетски хирург Џулијан Де Силва, е прогласен за најубав маж на светот.

loading...