Најубавите хороскопски знаци

Убавината е во очите на оној кој ја гледа, зависи од многу критериуми кои не се исти за сите, а многу често не е поврзана само со физичкиот изглед, туку со убавината која зрачи одвнатре.

Но ѕвездите, наводно, кога е во прашање убавината, посебно биле наклонети кон следниве знаци.

Вага

Вагата често се смета за убедливо најубав знак во зодијакот, а обично ги краси и вродената елеганција. Луѓето родени во овој знак имаат посиметрично лице, заразлика од другите знаци, совршено обликувани усни, убави очи и слатки дупчиња на образите кои ги прават поразлични и попривлечни од останатите.
Познати ваги прочуени по убавината: Кетрин Зета Џонс, Кејт Винслет, Оливија Њутн Џон, Моника Белучи.

Скорпија

Препознатливи се по нагласените црти на лицето и големите очи во невообичаена нијанса која хипнотизира. Освен продорниот поглед, имаат и сензуални усни, како и прекрасна густа коса. Најчесто се витко градени, а ги краси и блескавиот тен и меката негувана кожа.
Убавици родени во знакот на скорпија: Ема Стоун, Џулија Робертс, Деми Мур, Грејс Кели.

Јарец

Припадниците на овој знак се познати по одличната сексипилна фигура. Иако изгледот им е главно просечен и неутрален, се истакнуваат со големите очи и искрената нсмевка. Најчесто сакаат да се дотерани, па нивниот стил е она што ги издвојува.
Познати убавици родени во знакот јарец: Ава Гарднер, Марлен Дитрих, Кејт Мидлтон.

Слични содржини