Највен Bentley Mulliner Batur (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Bentley го најави Mulliner Batur, нов рачно изработен Grand Tourer кој ќе го претстави и новиот дизајнерски јазик на овој британски бренд.

Засега се објавени една тизер слика и кратко видео, а како изгледа автомобилот ќе дознаеме на премиерата, подоцна овој месец, за време на неделата на автомобили во Монтереј во Америка.

Дизајнот на Batur ќе го најави изгледот на идните електрични возила на марката, при што Bentley ќе го позиционира овој голем „tourer“ како наследник на Bacalar.

Bentley навестува дека Batur би можел да има електричен погон и се очекува да оживее во многу ограничено производство како гореспоменатиот Bacalar.

Првиот масовно произведен електричен модел на брендот е одалечен неколку години поради неодамнешното одложување. Сегашниот план е возилото да биде лансирано во 2026 година, додека претходно беше спомената 2025 година.

Слични содржини