Највисока неделна инциденца на заразени има во Виница

од Берта Китинска

Според извештајот на ИЈЗ, во периодот од 26 април до 2 мај 2021 опаднат е бројот на позитивни од тестираните.

Тестирани се вкупно 14.975 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, и се бележи намалување од 17,6 отсто во однос на претходната недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје  41,5 отсто, со неделна инциденца – 138,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 211,0/100.000 е регистрирана во Виница.

Процентот на позитивност се движи од 9,6 отсто до 17,7 отсто, просечно 13,1отсто, со намалување за 4,9 отсто во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60  години  или во проценти  37,6 отсто. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 години (16,8 отсто), 40-49  (16,0 отсто), 30-39 (15,6 отсто) и 20-29 години  8,3 отсто. Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 години (1,6 отсто) и 10-19  ( 4,1 отсто).

Слични содржини