Најзаљубениот пар во светот очекува трето дете: Новоста со фановите ја споделија преку музички спот (видео)

од Nikola Popovski

Еден од најзаљубените парови во светот, пејачот Џон Леџенд и манекенката Криси Тајген го очекуваат своето трето дете, а веста ја објавија преку нов музички спот.

Двојката веќе има две деца, ќерка Луна и синот Мајлс, и подготвени се уште еднаш да го прошират семејството.

Видеото за песната „Wild“, кое беше објавено, го прикажува парот како ужива на плажа и разменува нежност. Меѓутоа, дури на крајот од видеото, камерата се спушта за да го покаже стомакот на Тајген.

Нежното видео го прикажува и целото семејство како шета на плажа по песок, а фановите брзо ѝчеститале на двојката за убавата вест.

Слични содржини