Најздрава одлука: Селена Гомез искрено за врската со Џастин Бибер

од desk4

Додека многумина ги чекаа реакциите, Селена Гомез мудро молчеше за венчавката на нејзиното поранешно момче Џастин Бибер со Хејли Болдвин.

Според оние кои ја познаваат, но и како што и самата неколкупати нагласила, раскинувањето со него била најздравата одлука што можела да ја донесе. Пејачката и понатаму е отворена за нова врска, но за тоа време е фокусирана на себе и своето здравје.

Откако имаше сериозни проблеми со здравјето, таа одлучила дека е најдобро да биде опкружена со луѓето кои ги сака, без притисокот да се однесува како јавна личност. Всушност, таа конечно го живее животот во вистинска смисла на зборот.

Врската со Бибер официјално заврши во март 2018, кога беше јасно дека веќе никогаш нема да се смират. Оттогаш тој почна да се состанува со сегашната сопруга, со која легално стапи во брак во септември 2018, а неодамна се венчаа.

Обожавателите на Селена во прв момент беа дрски кон Хејли, праќајќи ѝ пораки дека и покрај се, еден ден Џастин ќе ѝ се врати на својата голема љубов.

Поради тоа, Џастин се обрати кон сите нив: „Хејли е мојата невеста, ако не ви се допаѓа тоа, значи не сте вистински обожаватели и не ме поддржувате во моите одлуки.“

Слични содржини