Најзгодната спортска водителка имала АФЕРА со потпретседателот на Рома?!

од Vladimir Zorba

Најпопуларната италијанска спортска водителка, Дилета Леота, повторно е во центарот на вниманието на медиумите на Апенините – поради нова афера.

Овој пат, таа не е поврзана со Златан Ибрахимовиќ, туку со еден од водечките луѓе на фудбалскиот клуб Рома.

Познато е дека Леота е во врска со турскиот актер Џан Јаман, но во последно време се повеќе се шпекулира за нивната разделба, особено откако италијанската убавица беше ограбена од Срби и Хрвати, па се чувствуваше несигурно.

Така Јан „исчезна“ од социјалните мрежи, а во италијанските медиуми се појави информација дека Дилета го изневерила со потпретседателот на Рома.

Тоа е американскиот милијардер Рајан Фридкин (31) со кого наводно била видена во римски хотел.

Леота сепак ги демантираше овие информации и рече дека е во среќна врска со Јан, додавајќи дека нејзиниот партнер „ги избришал сметките на социјалните мрежи поради работа“.

Слични содржини