НАЈЗЛОБНИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ: Еве кој е прв на листата

од Stefanija Kuzmanovska

Секој има злобна црта во себе, но кај некои тоа е сè уште поизразено и потенцирано. Ова се четирите најголеми „злобници“ меѓу хороскопските знаци и нивните карактеристики.

1. Скорпија – најзлобниот хороскопски знак

Без премногу неизвесност, пехарот за најзлобниот хороскопски знак оди во рацете на Скорпијата! Личноста од овој знак е полна со сложени слоеви, а сепак квалитетите кои најсјајно блескаат се нивната лукавост и манипулативност.

2. Лав – главен во правење сплетки

Сосема е природно дека знак кој сака внимание има злонамерен ум. Лавот обожава да биде sвезда и ќе стори сé за да остане во центарот на вниманието. Лавот е хороскопски знак кој најверојатно ќе стане славен и не е подготвен да препушти било што на шансата. Кој ќе му се најде на патот на неговите цели, само го прегазува.

3. Девица – зли генијалци

Девицата е еден од најинтелигентните хороскопски знаци, иако тие често го користат својот мозок за да смислат злобни планови. Девицата може да се однесува слатко и невино на површина, но под сето тоа, тие веројатно смислуваат многу лукави планови.

4. Овен – пазете се од неговата одмазда

Како еден од трите огнени знаци, личноста на Овенот е природно агресивна и никогаш нема да дозволи да се случи нешто против негова волја. Овенот е дефинитивно експлозивен, но овој хороскопски знак ужива и во планирањето на одмазда кон непријателите.

Слични содржини