Накит кој задолжително треба да го имате до својата 40та година

од desk4

Без разлика дали сакате да се почастите со добар или скап подарок или еднотавно да го смените својот изглед, накитот секогаш е вистински избор. Затоа треба да знаете дека има и модели накит кои се безвремени класици и во кои треба да инвестирате, односно да ги имате во вашата колекција до четириесетгодишна возраст. Меѓу нив се обетки , дизајни со бисери, па дури и преголеми прстени кои ќе ве натераат да се истакнете каде и да сте.

„Тенис“ нараквица – овoj класик ќе ви стане омилен уште од моментот кога ќе го ставите на рака. Можете да ја носите со класична бела кошула комбинирана за работа или со маица и фармерки за опуштено излегување. Има повеќе впечатливи модели но и посуптилни за секој ден, кои не привлекуваат премногу внимание, а се одличен моден додаток.

Нетрадиционални обетки од бисери – класичните обетки од бисери понекогаш можат да бидат досадни и монотони, па затоа време е да инвестирате во необични модели што ретко се наоѓаат. Такви се „суровите“ необработени бисерни обетки кои можат да ве воодушеват со уникатните форми. Можете да ги носите со собрана и и со пуштена коса.

Масивен прстен – од гледна точка на историјата, впечатливите имале голема улога во истакнување на личноста во општството во кое живеела. Денес тоа не е толку важно, но може да биде ваш показател за стил. Без разлика дали е со скапоцен камен во него, изгравиран семеен грб или нешто што е важно за вас, важно е да одговара на вашиот стил.

Дијамантски обетки – Елизабет Тејлор еднаш рече дека „животот без обетки е празен“, па земете ја оваа реченица како ваше мото за купување убави обетки со дијаманти кои не се премногу големи. Поедноставните модели на дијаманти ќе имаат поголем ефект.

Впечатливи обетки – Никогаш не е доцна да се инвестира во пар впечатливи обетки кои ќе го комплетираат вашиот изглед. Тие нека бидат акцент на вашиот изглед, според кој ќе го изберете остатокот од вашата гардероба и додатоци. Најдобро изгледаат кога се носат со собрана коса и можат да го подобрат било кој стил.

Ланче – ви се допаѓа чист, едноставен изглед кој суптилно оддава луксуз? Тогаш, златните ланци се идеален избор за вас. Никогаш не треба да го вадите и поради неговиот разноврсен дизајн, лесно се вклопува во сите стилови, од спортски до гламурозен.

Часовник – иако веројатно го знаете ова, часовникот е парче накит што треба да ве придружува во текот на животот. Изберете го оној што лесно ќе се вклопи со секој ваш стајлинг. При изборот, проверете дали часовникот не изгледа премногу голем и има елегантно ремче.

Слични содржини