Накова: Не сум Ковид позитивна, ги почитував сите мерки

од Vladimir Zorba

Старлетата Александра Накова ги демантираше гласините дека е позитивна на коронавирус на својот Инстаграм профил.

„Сакам да ги демантирам информациите кои се појавија во јавноста за мене дека сум била позитивна на Ковид 19. Од моја страна целосно се испочитувани сите мерки од надлежните органи кои ги имаат наведено во актите кои се однесуваат на мене. За мене од нејасни причини во изминатиот период во јавноста се објавуваат дезинформации кои директно нанесуваат штета на мене и моето поблиско оопкружување, за тоа дека сум била позитивна на Ковид 19 и дека слободно сум се шетала и заразувала други личности“, напиша старлетата.

Поранешната манекенка беше уапсена неодамна во Гевгелија оти наместо да е во самоизолација таа отишла на базен.

Слични содржини