Намален бројот на новозаразени: Чешка воведува „паметен карантин“, по стапките на Северна Кореја

од Nikola Popovski

Чешката Република планира да воведе „паметен карантин“, односно систем за брз мониторинг и изолација на лицата кои биле во контакт со заразените, како постепено би ги ублажиле рестриктивните мерки што се во моментот.

Во последните пет дена, просечниот број на новозаразени во оваа земја е 224 на ден, што е помалку од претходните пет дена, иако е зголемен бројот на тестови.

Чешката Република има 5.335 случаи на инфекција на коронавирус и 104 смртни случаи од последици на  инфекцијата.

Намалувањето на стапката на новозаразени ја отвора вратата за севернокорејскиот систем за контрола на контакт, каде воените тимови за тестирање и центрите за повици користат мобилни телефони и банкарски картички за да ги следат и контактираат лицата, кои биле во контакт со заразените и да ги стават во карантин.

Роман Примула, главен епидемиолог на чешкиот кризен штаб, изјавил дека податоците покажуваат дека епидемијата во земјата е под контрола и дека растот на новозаразените е помал од очекуваниот и дека мерките кои се насочени кон целото население ќе бидат полека заменети со мерки насочени кон лица изложени на ризик.

Целта на овој план е да се идентификуваат оние кои се најмногу изложени на ризикот од инфекција, односно оние кои биле во близок контакт или кои поминале најмногу време со нив, а потоа да ги карантинираат што е можно побрзо, за да може да се спречи ширењето, најмногу во рок од три дена.

Примула истакнува дека не е неопходно овие лица да бидат тестирани веднаш, но најважно е да бидат ставени во карантин и да бидат тестирани подоцна. Тој забележува дека тестирањето во првиот ден може да покаже лажни негативни резултати.

Новата стратегија треба да започне да важи од следната недела.

Слични содржини