Наместо кон Министерството за здравство, балоните со вода да ги фрлаат кон белиот дворец, им порачаа СДСМ на ВМРО

од Vladimir Zorba

Денешниот протест пред министерството за здравство на ВМРО-ДПМНЕ е уште еден нивeн неодговорен чин кои директно предизвикува опасност за ширење на вирусот Ковид 19, реагираат од СДСМ.

„Наместо кон зградата на Министерството за здравство, балоните со вода треба да ги фрлаат кон барокниот бел дворец, таму е срамот што со години не може да се измие, срамот за сите штети врз граѓаните и државата.

Процесот на вакцинација против коронавирусот е започнат и ќе продолжи во континуитет како што ќе стигнуваат вакцините од различни производители.

Замислете, денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ е одржан во непосредна близина на Инфективната Клиника каде моментално лежат пациенти со тешка клиничка слика заболени од Ковид 19.

На ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не им е грижа ниту за јавното здравје, ниту за здравствениот систем, туку само политичко профитерство.

Тоа го покажуваат и со денешниот протест каде се групираат на мал простор само за да покажат наводна бројност на протестот, со прекршување на мерките за заштита од коронавирусот“, посочуваат од СДСМ.

Слични содржини