Наместо мрак, во Карпош ќе свети секоја втора улична светилка

од Берта Китинска

Од Општина Карпош информираат дека акцијата за намалување на потрошувачката на уличното осветлување е во тек.

-За сега целосно е завршена во урбаните заедници Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Тафталиџе 1, Влае 1, Влае 2 и Злокуќани каде што во текот на ноќта свети секоја втора светилка.Во урбаната заедница Кузман Јосифовски Питу во најголем дел е завршено со овој зафат на штедење. Од среда ќе се работи на улиците Леринска и Ловќенска со сите нејзини краци, велат од општината.

Оттаму посочуваат дека целосно е завршена редукцијата на осветлувањето во урбаните заедници Пецо Божиновски – Кочо и Владо Тасевски.

-Во оваа месна заедница треба да се направат интервенции на улиците Бахар Моис и Њуделхиска, а во Жданец на улица Нерешка.Во Бардовци завршено е со редуцирање на половина од уличното осветлување, а од среда ќе се работи на другата половина. Од среда се почнува со работа во Нерези, Тафталиџе 2 и Карпош 4 каде што се уште светилките се гасат во 1 часот по полноќ. Екипите работат и на заштеда на светилките на кејот на реката Вардар каде во најголем дел работата е завршена, појаснуваат од општината.

Тие посочуваат дека секретарите на месните заедници се задолжени во ноќните часови да ги проврат сите интервенции на уличното осветлување и ако има неусогласеност со новиот систем на осветлување – да свети секоја втора светилка, треба да го известат секторот за екологија и енергетска ефикасност.

Слични содржини