Наместо Рено, Русите повторно ќе го произведуваат „Москвич“

од Vladimir Zorba

Московската фабрика Рено Русија, која стана сопственост на градот Москва по повлекувањето на француската групација, ќе произведува патнички возила од марката Москвич, некогаш позната советска марка, потврди градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

„Ќе дадеме се од себе да го спасиме најголемиот дел од персоналот кој работи во фабриката. Главниот технолошки партнер на московската фабрика за автомобили Москвич ќе биде КАМАЗ. Во првата фаза ќе се организира производство на класични автомобили со мотори со внатрешно согорување, а во иднина и електрични автомобили“, рече Собјанин.

Претходно, Министерството за трговија на Русија објави дека руските акции во групацијата Рено ќе станат сопственост на државата и градската управа во Москва.

Сервисот на автомобилите на Рено во Русија ќе го врши „АвтоВАЗ“ кој ќе го продолжи производството на целата линија на автомобили Лада во своите погони.

„АвтоВАЗ“ произведува автомобили и автоделови за две марки – Лада и Рено, во погоните во Толјати и Ижевск.

Слични содржини