Наместо со брис од нос или уста, ковид-тестирањето може да се направи со скенирање на окото?

од Nikola Popovski

Компанијата Семик РФ со седиште во Минхен се надева дека ќе придонесе за почеток на тестирање на коронавирус со скенирање на очното јаболко, процес за кој наводно се потребни само три минути за да се идентификува носителот на вирусот, со стапка на точност од 95 проценти.

Семик РФ ја разви апликацијата за скенирање на очите со колеги од САД и, во очекување на регулаторното одобрување, се надева дека ќе започне да се воведува до крајот на мај, рече директорот на компанијата Волфганг Грубер.

„Успеавме да го изолираме постоењето на коронавирус од повеќе од два милиони различни розови нијанси“, рекол Грубер за Ројтерс.

Тој истакнал дека апликацијата, која веќе е тестирана на повеќе од 70.000 лица, може да процесира до милион скенирања во секунда и дека постои можност да се зголеми тој капацитет, што на крајот може да им овозможи на повеќе луѓе да се вратат на масовни настани како на пр. концерти или фудбалски натпревари.

„По преземањето на апликацијата, ги фотографирате двете јаболчници, ја испраќате фотографијата за проценка, а потоа резултатот можете да го зачувате како QR-код на паметниот телефон на тестираното лице“, додал Грубер.

Апликацијата првично е наменета за компании и комерцијални корисници. Цената ќе биде 480 евра месечно, а подоцна се планира да се примени и за приватни лица.

Слични содржини