Наместо вакцина примиле натриум хлорид: Сестра сакајќи да прикрие грешка, направила голем проблем

од Stefanija Kuzmanovska

Во Германија 22 лица ќе треба да бидат повторно вакцинирани, откако дознале дека содржината на шприцот не била исполнета со доза на вакцина против коронавирус. Наместо вакцината на Бајонтек-Фајзер, тие добиле само инфузионен раствор на натриум хлорид.

Една медицинска сестра им вбризгала натриум хлорид наместо вакцина, што се докажало со соодветна анализа на антитела, пренесуваат германските медиуми.

Истрагата е спроведена откако медицинска сестра од центарот за вакцинација во Шортенс признала дека наполнила шест шприцеви, наместо со вакцината, со натриум хлорид.

Таа рече дека, при подготовката, паднало и се скршило едно шише вакцина, што сакала да го прикрие.

Поради тој обид за прикривање, повеќе од 100 луѓе мораа да бидат подложени на анализа на антитела, за да се утврди кому не му дала вакцина.

Слични содржини