Наместо во Шутка свадба во Истанбул: Амди Бајрам прави голема прослава за внуката Перихан (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Претседателот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам вечерва прави свадба за внуката Перихан во Истанбул.

Свадбата се случува на брод на Босфор, со над 200 гости од Македонија. Видеа од свадбената веселба на својот Фејсбук профил објави синот на Бајрам, Габриел.

Бајрам пред неколку дена јавно изјави дека ја откажал свaдбата на внуката Перихан која требаше да се одржи во Скопје во населбата Шуто Оризари.Поканата за семејната забава на која пишуваше дека ќе се одржи , беше објавена на социјалните мрежи. Но, свадбите се забранети во овој период поради епидемијата.

Министерот за здравство, Венко Филипче во неколку наврати повтори дека собири и веселби се забранети.Македонија деновиве има високи бројки на заразени со коронавирусот.

Публикувахте от Gabriel Bajram в Събота, 17 октомври 2020 г.

Слични содржини