Намирници кои ѝ помагаат на кожата во ладните месеци

од Stefanija Kuzmanovska

Ладното време не влијае добро врз кожата и затоа во зимските месеци се препорачува дополнителна нега и хидратација.

Но, за беспрекорниот здрав изглед на кожата, еднакво е важно и што јадете, односно што не јадете.

Овие намирници треба да ги воведете во вашата исхрана доколку сакате кожата да ви заблеска.

Лимон

Се препорачува секој ден да го започнувате со чаша топла вода со исцеден лимон. Тоа ќе го детоксира телото и ќе го поттикне работењето на метаболизмот. Со лимон можете да го замените и оцетот во салатите.

Бадеми

Веројатно веќе сте слушнале дека бадемите се многу здрави, но дали знаевте дека тие се храна за убавина? Богати се со витаминот Е и ја штитат кожата од лошото влијание на УВ зрачењата, ја хидратизираат и измазнуваат кожата.

Чиа семе

Оваа супернамирница е богата со минерали, влакна и есенцијална киселина, а тоа на кожата ѝ дава здрав изглед. Нутриционистите советуваат да ги додадете во смути, овошни и зеленчукови салати, јогурт, а можете и да ги оставите потопени во бадемово млеко и наутро да уживате во здрав пудинг.

Ананас

Кога сакате кожата да ви изгледа добро, посегнете по ова овошје. Ананасот го забрзува метаболизмот, ги ублажува воспаленијата и прави детокс, а тоа овозможува блескав и здрав тен и тоа во краток рок.

Спанаќ

Зеленото лисје е богато со витаминот А неопходен за здрав раст на косата и обновување на кожата. Тој е богат и со витамин С кој го поттикнува произведувањето на колагенот и на тој начин ги успорува знаците на стареење.

Слични содржини