Намирници кои помагаат да се намалат стресот и анксиозноста

од Stefanija Kuzmanovska
375 прегледи

Кога сме под стрес не треба да го занемариме позитивното влијание на исхраната. Храната има големо влијание на нашето расположение, ментално здравје и емоционална состојба.

Свежото овошје и зеленчук се првото нешто на што треба да помислиме кога сакаме да го подобриме своето здравје, без оглед на тоа дали станува збор за подобрување на имунитетот, регулирање на крвниот притисок и регулација на крвниот шеќер во крвта. Освен тоа, тие се и одлично средство за победа на стресот.

Зелен зеленчук

Спанаќот, блитвата, зелената салата и зелката се богати со магнезиум кој делува одлично против стресот. Иако магнезиумот е многу достапен во суплементи, сепак секогаш е најдобро кога телото директно ги апсорбира витамините и минералите преку исхраната.

Јаболкa

Јаболката се лесно достапни за сите нас во текот на целата година. Тие содржат високо ниво на антиоксиданти кои помагаат во намалување на симптомите на анксиозност.

Аспарагус

Овој зеленчук е богат со фолна киселина и витамин Б кои го подобруваат расположението и помагаат во намалување на раздразливоста. Истражувачите ја откриле врската меѓу ниското ниво на фолна киселина и витамин Б12 кај луѓето со нарушено расположение, па и депресија. Аспарагусот се препишува од страна на докторите и нутруционистите кај многу пациенти како додаток на стандардната терапија.

Цитрусно овошје

Најдобра комбинација на слатко и кисело која е особено достапна во текот на зимските денови. Се препорачуваат цитрусите како мандарини, портокали, лимони, грејпфрут и цитрон кои содржат витамин Ц, но и Б витамин чија комбинација помага во намалување на стресот.

Слични содржини