Намирница која го спречува ракот, го регулира крвниот притисок и ги штити коските

од Stefanija Kuzmanovska

Сокот од домати го прави животот поквалитетен бидејќи се покажало дека една од хранливите состојки кои се наоѓаат во него помага да се спречи ракот.

На пример, пиењето само една чаша сок од домати речиси ги покрива вашите дневни потреби за витамин Ц и задоволува 22 проценти од вашите потреби за витамин А во форма на алфа и бета каротеноиди.

Каротеноидите се пигменти кои во вашето тело се претвораат во витамин А, кој често му недостасува на нашето тело и е неопходен за здрав вид и одржување на ткивата.

Ракот, болест во која абнормалните клетки на телото се делат и уништуваат ткива, е една од најопасните болести.

Иако ракот понекогаш може да се појави без разлика на се, постојат чекори што може да се преземат за да се спречи болеста.

Добро е познато дека избегнувањето на чадот од цигарите и носењето крема за сончање се двата најдобри и наједноставни начини за спречување на одредени видови на рак, но друг помалку познат начин е толку едноставен како пиење сок од домати.

Доматот содржи ликопен, кој покрај неговата способност да го помага здравјето на коските и крвниот притисок, е поврзан и со намален ризик од неколку видови на рак, вклучително и рак на простата.

„Сокот од домати е неверојатно богат извор на каротеноиди, ликопен. Оваа хранлива состојка им дава на доматите светло црвена боја, делува како моќен антиоксиданс и исто така во неколку студии е докажано дека го намалува воспалението и ризикот од неколку видови рак“, вели нутриционистот Линзи Вохер.

Не само што ликопенот помага во спречување на одредени видови на рак, туку една бразилска студија дури покажа дека ликопенот е ефикасен во убивањето на клетките на ракот на простата.

Додека ликопенот се наоѓа во која било сорта на домати, експертите велат дека тој често е најизразен во производите како што е сокот.

Ликопенот кој се наоѓа во доматите е помоќен во варена форма.

Слични содржини