Намирници кои треба да ги избегнувате додека сте во изолација

од Stefanija Kuzmanovska

Поради ширењето на новиот вид коронавирус во многу делови на светот, луѓето остануваат во своите домови.


„Треба да имаме на ум дека здравата и урамнотежена диета го зајакнува нашиот имунолошки систем и генерално нè штити“, рече д-р Ведат Горал, гастроентеролог во универзитетската болница Медипол Мега во Истанбул.

Д-р Горал истакна дека местото каде што јадеме е исклучително важно кога остануваме дома.

„Јадете на масата. Не јадете на каучот, во спалната соба или на компјутерот, бидејќи можеби несвесно ќе изедете повеќе отколку што ви треба. Овој вид на однесување може да доведе до зголемување на телесната тежина, па дури и дебелина и хронични заболувања, рече д-р Горал, пренесува Н1.

Лекарот исто така смета дека тоа што го купуваме е многу важно. Луѓето купуваат големи количини тестенини затоа што можат да траат подолго, истакна тој. Сепак, тестенините не се идеален оброк заради неговото големо количество калории и има ниска хранлива вредност. Наместо тестенини, д-р Горал препорачува храна богата со растителни влакна и протеини, како и овошје и зеленчук.

Тој исто така додаде дека не треба да заборавиме на храна богата со витамин Д, но и со калциум, кој е најзастапен во млекото и млечните производи. Потоа витамин Ц и консумирање на храна богата со овој витамин, особено овошје, јаболка, портокали и други агруми.

За луѓето кои не консумираат месо, д-р Горал препорачува грашок, леблебии и грав.

Она што е најважно е дека диетата треба да е балансирана и да не забораваме на физичката активност прилагодена на домашните услови, возраста и здравјето.

„Пиењето шеќерни пијалоци кои брзо го зголемуваат шеќерот во крвта, белиот леб, слатките и преработена храна, како сувото месо за појадок и храна со сол, треба да се минимизираат или, доколку е можно, да се отстранат“, рече д-р Горал .

Лекарот предупреди дека треба да се избегнуваат алкохолни пијалоци и цигари, особено за време на стресен период како што е овој.

Гизам Џенсирек, нутриционист во универзитетската болница во Истанбул Медипол Пендик, истакна дека стресот може да доведе до прејадување во време на намалена физичка активност.

За да го спречи ова, треба да направи неколку работи за кои смета дека не се тешки, а една од нив е здрава исхрана.

„Првата од овие е балансирана диета: Треба да ги вклучиме четирите основни групи на храна што ни се достапни, имено месо, млеко, житарки и овошје и зеленчук, особено за време на главните оброци, појадок, ручек и вечера“, рече Џенсирек.

Таа исто така истакна дека не треба да заборавиме на внесувањето вода, што е неопходно за многу процеси во организмот.

Таа додаде и дека е неопходно да се биде што е можно поактивен во домот и дека има достапни вежби преку Интернет кои можат да бидат корисни.

Таа особено ја истакна важноста на примена на заштитни мерки за време на пандемија на коронавирус. Хигиенските навики и добриот сон се подеднакво важни и го сочинуваат овој пакет мерки за заштита на сопственото здравје што треба да го примени секој од нас.

Важно е да спиете и да останете во добро проветрени простории и да ги миете рацете често, дури и кога сметате дека можеби не е неопходно, и така да се зачувате себе си и другите.

Слични содржини