Намирници кои влијаат на ослободување од стресот

од Stefanija Kuzmanovska

Природно е понекогаш да бидете под стрес, но ако стресната ситуација стане дел од секојдневниот живот и целосно го зафати вашиот дух и ритамот на животот, тоа почнува да го нарушува менталното и физичкото здравје.

Стресот влијае на создавање на депресија, но и на срцеви заболувања кај потполно здрави и витални луѓе, и сега е вистинското време да му застанеме на патот еднаш и засекогаш.

Можеме да ви помогнеме да ги отстраните малите, ситни и секојдневни стресови за да можете да бидете насмеани во текот на денот на природен начин, со вкусно јадење.

Ова се намирници кои влијае на ослободување на стресот, забрзување на производството на хормони на среќа и смирување на желудникот.

Компир

Ако одлучите да внесете протеини за време на ручекот, јадете јаглехидрати во форма на компири и може да го намалите лачењето на кортизол, хормон на стрес. Голема количина кортизол во организмот може да создаде разни воспаленија, слабост и чувство на поспаност, а слаткиот компир ќе ви ја врати силата.

Јајца

Јајцата се сметаат за бомбастична храна што ќе ви го подигне расположението, но и имунитетот. Богати се со витамини, минерали, аминокиселини и антиоксиданти кои ги убиваат слободните радикали во организмот и го отстрануваат чувството на напнатост.

Ако подготвите вкусен појадок кој вклучува јајца, сигурно ќе останете сити до ручек, така што нема да посегнувате по нездрави закуски и газирани пијалоци.

Брокула

Варената брокула содржи минерали кои можат да спречат срцеви заболувања, да го намалат чувството на анксиозност и да спречат депресија кај сите луѓе, без оглед на нивната возраст. Таа е неутрална, па можете да ја послужите со кое било месо или друг оброк.

Со чаеви против стрес

Кога немате време да подготвите оброк, натопете вреќа со чај во чаша топла вода. Камилицата и зелениот чај ги отстрануваат токсините од вашето тело, ве релаксираат и го неутрализираат стресот.

Одвојте момент за себе во секојдневниот живот и испијте чаша чај во мир, слушајте го дишењето и фокусирајте се на работите што ги сакате. Неколку минути одмор со чај сигурно ќе ве направат помирни и ќе го намалат нивото на стрес што го чувствувате.

Слични содржини