Наоми Кемпбел беше одличена како модна икона

од Vladimir Zorba

Наоми Кемпбел беше прогласена за модна икона на еден настан во хотелот “Риц” во Лондон, објавија француските медиуми.

Супермоделот го доби ова признание за својот извонреден придонес во модната индустрија, како и нејзината филантропска активност.

49-годишнта Кемпбел ќе биде почестена на 2 декември на церемонијата на британските модни награди.

Наоми Кемпбел, позната како Црниот Пантер, коментираше дека е возбудена поради оваа чест.

Кемпбел освен тоа соопшти дека формираната од неа во 2005 година Фондација “Fashion for Relief” ќе организира добротворна ревија во септември во рамките на Лондонската модна недела.

Наоми всушност веќе има организирано слични манифестации за помош на жртвите од ураганот Катрина, катастрофалниот земјотрес и последователните бранови цунами во Јапонија и земјотресот во Хаити.

Скоро Кемпбел се појави пред британското издание “Вог” со провокативен кадар без облека. Таа сподели дека не се чувствувала добро во своето тело долго време. Но, сега веќе не е така.

Слични содржини