Наоми Кемпбел гола во пустина во Кенија

од Vladimir Zorba

На 49 години, супермоделот Наоми Кембел се соблече како од мајка родена за фотосесија сред пустината во Кенија. Таа, исто така, сподели еден кадар во Instagram.

Голата слика не е случајна, бидејќи неодамна во интервју за британскиот Vogue таа изјави дека покрај нејзината убавина и статусот на топ-модел, биле потребни години за да добие самодоверба, да си го сака своето тело и да се чувствува добро во него.

„Ми требаше долго време да го прифатам моето тело и да се чувствувам пријатно во мојата кожа. Тоа е самодоверба што доаѓа со возраста. Вистината е дека едвај неколку години се чувствувам навистина во мир со себе и својот изглед. Отсекогаш имав комплекси и бев несигурна“, рече Кембел.

Слични содржини