„Напад“ на колоната: Фрлено шише кон Бајден во Брисел (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Непознат маж утрово фрлил шише кон колоната на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден во Брисел. Инцидентот, кој го снимиле и камерите, се случил околу 9 часот и 40 минути.

Полицијата веднаш го совладала и го уапсила човекот кој го фрлил шишето во правец на колоната. Напаѓачот наводно бил во алкохолизирана состојба.

– Маж кој беше во алкохолизирана состојба фрли шише кон колоната на американскиот претседател Џо Бајден. Успеавме да го запреме шишето пред да удри, изјави портпаролот на полицијата.

 

Слични содржини