Напад со нож во Германија, има мртви (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Неколку лица беа убиени денес во германскиот град Вирцбург, кога непознат маж нападнал луѓе со нож на улица.

Според првите информации, три лица биле убиени на улиците на Вирцбург, додека најмалку шест биле повредени.

Полицијата веднаш спроведе истрага, а делови од градот беа целосно затворени.

Властите наскоро објавија дека го уапсиле осомничениот во еден баварски град, така што повеќе немало опасност по улиците.

„Го уапсивме осомничениот и нема индиции дека има уште еден напаѓач“, се вели во соопштението на полицијата.

Слични содржини