Напад со нож во Лондон – една жена е убиена

од Vladimir Zorba

Една жена била убиена, а неколку луѓе – повредени во напад со нож во центарот на Лондон, соопштија од полицијата и додаваат дека се испитува евентуално терористички напад.

 

4977316Сторителот на нападот е уапсен, откако претходно бил поразен  со електрошок . Уапсениот е 19-годишно момче, кој нападнал синоќа минувачи на плоштадот, кој се наоѓа во центарот на британската престолнина, во близина на Британскиот музеј. Според првичните податоци, тој е со психички абнормалности. Засега верзијата за терористички напад не се исклучува. “Се разбира, во оваа фаза е потребно да се разгледаат сите верзии и тероризмот секако  останува една од нив”.

Според весникот “Гардијан” напаѓачот е под стража во болница. Жртвата е 60-годишна жена. Не се кажува ништо за други повредени. Претходните информации беа за уште петмина повредени.

Скотланд јард потврди дека со нож се повредени и две жени и тројца мажи.

Полициските служби алармираа за инцидентот во 22.33 часот. Шест минути подоцна, во 22.39 часа пристигнатите  на место полицајци успеваат за  го задржат сторителот, користејќи електрошок пиштол . Плоштадот “Расел” беше блокиран од полицијата. Криминалисти прават ивид  на местото на злосторството, подигнат ешатор на местото на инцидентот, каде почнаа да се собираат претставници на медиумите. Рано наутро денеска по улиците на британската престолнина се забележува зголемено присуство на вооружени полицајци. / АФП и ТАСС

 

Слични содржини