Напад врз мајка пред нејзиниот малолетен син

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи информира дека скопјанка била физички нападната пред својот малолетен син, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Вчера, во 22.30 часот, во СВР Скопје, М. М. (27) од Скопје пријавила дека околу 19.15 часот на подрачјето на Бутел, додека била со својот малолетен син, била физички нападната од Р. И., С. И. и М. И.

Направен е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир,“ информираат од полицијата.

Слични содржини