Нападнат Сергеј Трифуновиќ на протестот пред српското Собрание

од Stefanija Kuzmanovska

Група млади луѓе, кои дојдоа да протестираат пред Собранието на Србија, го нападнаа лидерот на Движењето на слободни граѓани (PSG), Сергеј Трифуновиќ.

Според известувачите на Нова.рс, група демонстранти буквално го избркале од протестот и тој бил принуден да си замине.

Тие истуриле вода врз него и фрлиле лименки пиво кон него.

Трифуновиќ во таа прилика бил повреден и заминал со повредена аркада.

Група демонстранти извикувале „марш дома, нема да ни го украдеш протестот“.

Фото: Нова рс

Слични содржини