НАПАДНАТ ТЕЛ АВИВ: Хамас истрела 130 ракети

од Vladimir Zorba

Израелски лекарски тимови известуваат дека има ранети и повредени по ракетниот напад врз Тел Авив.

Во нападот се повредени три лица, меѓу кои и едно дете.

Властите на Хамас соопштија дека испукале 130 ракети кон Тел Авив.

Сирени одекнуваа низ градот.

Претходно денес, палестинската организација Хамас се закани дека ќе го ракетира Тел Авив доколку продолжат ударите врз Газа.

Израелскиот премиер во заминување Бенјамин Нетанјаху претходно објави дека ќе ја зголеми силата и зачестеноста на нападите врз појасот Газа.

Израел денес ги засили воздушните напади врз Газа, но ракети ги погодија израелските градови втор ден по ред.

Подоцна вечерва во Тел Авив престанаа да работат сирените кои најавуваат опасност од воздух.

Слични содржини