Нападната 47- годишна жена вработена како обезбедување во Управа за матични книги во Скопје

од Берта Китинска

Вчера попладне била физички нападната 47- годишна жена која била вработена како обезбедување во Управа за матични книги во Скопје.

„На 05.05.2020 во 15.33 часот во СВР Скопје, С.Н.(47) од Скопје пријавила дека околу 13.40 часот, додека извршувала работни задачи како обезбедување во Управа за матични книги на ул.„Кеј 13 Ноември“, била физички нападната од едно лице.

С.Н. била пренесена во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош“ велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини