Нападната фабриката за авиони во Лавов

од Milan1

Неколку ракети утринава ја погодиле фабриката за поправка на авиони во украинскиот град Лавов, во западниот дел на земјата. Градоначалникот Андриј Садовиј соопшти дека нема жртви во нападот, а уништена е фабричката зграда така што работниот процес е во прекин.

Според воени извори, нападот е извршен со ракети „Кх-55″ лансирани од тешки стратешки бомбардери.

Со такво оружје во неделата беше нападната и воената база во близина на Јаворив, во западниот дел на Украина.

Садовиј претходно рече дека руска ракета ја погодила областа во близина на аеродромот, но оти самиот аеродром не е погоден.

Украинската „Телевизија 24″ јави дека утрово најмалку три силни експлозии се регистрирани во градот Лавов.

Слични содржини