Нападната турска провинција Килис од Сирија, Анкара возврати

од Берта Китинска

Министерството за одбрана на Турција соопшти дека ракетите истрелани од Сирија паднале на празна област во турскиот град Килис и дека нема повредени.

Во соопштението се наведува дека е предизвикана материјална штета во инцидентот, пренесува агенцијата Анадолија.

“Руската Федерација беше известена дека пукањето ќе биде запрено и ние веднаш одговоривме на огнот со одредени цели. Ги предупредивме нашите војници во регионот. Ги следиме понатамошните случувања”, се вели во соопштението.

Килис е град на југот на Турција во близина на границата со Сирија.

Турција и Русија се договорија за протокол во март минатата година со кој се повикуваат сите страни во Идлиб да престанат со огнот, а турските и руските сили, како гранати за прекин на огнот, заеднички спроведоа контролни патроли долж линијата за раздвојување, односно долж автопатот М4, додава турската агенција .

Слични содржини