Нападнати Емиратите: Хутите извршија напад со беспилотни летала (ВИДЕО)

од Milan1

Јеменските бунтовници Хути денеска соопштија дека ги нападнале Обединетите Арапски Емирати.

Според Ројтерс, властите во таа заливска држава пријавиле два пожари во главниот град Абу Даби, кои наводно биле предизвикани од дронови.

Полицијата во Абу Даби во изјава за новинската агенција „ВАМ“ соопшти дека три цистерни со гориво експлодирале во индустриската зона во близина на магацинот на нафтената компанија „АДНОЦ“, а пожарот избувнал на градилиштето на меѓународниот аеродром во Абу Даби.

Според соопштението, од овој инцидент се уште не е пријавена штета, а се додава дека првите истраги покажале делови од мал авион „најверојатно дрон“ на двете локации.

Слични содржини