Нападнати новинари на анти-ЛГБТ протест во Грузија (ФОТО+ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Демонстрантите кои протестираа во главниот град на Грузија денеска против маршот на припадниците на ЛГБТ заедницата нападнаа и повредија дваесетина новинари кои известуваа.

Организаторите го откажаа „Маршот за достоинство“, кој требаше да се одржи вечерва во Тбилиси, бидејќи, како што наведоа, властите не ја гарантираle безбедноста на учесниците.

Противниците на маршот го блокиралe главниот булевар во Тбилиси, ги осудиле новинарите кои го следеле протестот, нарекувајќи ги „пропагандисти“ и фрлале шишиња кон нив.

Едно лице е уапсено под сомнение дека прободело дописник на странски медиум.

Во Грузија, постои силно непријателство против сексуалните малцинства. ЛГБТ групата која се обиде да го организира маршот денес објави дека противниците на парадата се поддржани од владата и од Грузиската православна црква.

Претседателот Саломе Зурабишвили го осуди насилството, додека премиерот Иракли Гарибашвили тврди дека маршот бил организиран од силите на „радикалната опозиција“ предводени од поранешниот претседател Михаил Саакашвили, кој е во егзил.

Слични содржини