Нападнато седиштето на Си-ен-ен во Атланта: Демонстранти фрлале со огномет кон новинарите, запален полициски автомобил (видео)

од Nikola Popovski

Експлозивна направа била фрлена врз седиштето на телевизијата Си-Ен-Ен во Атланта, поради што новинарите биле принудени да престанат со работа и да бараат засолниште.

Демонстрантите фрлале огномет и петарди.

Инцидентот се случи додека Ник Валенсија известувалза протестите што избија поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

На снимките може да се види полицијата со полна опрема како се обидува да ги задржи демонстрантите.

„Некои се смеат, а некои снимаат“, изјавил Валенсија додека одекнала бучавата од огнометот.

Голем број незадоволни граѓани го окупирале седиштето на Си-Ен-Ен во Атланта, по што тие го вандализираа влезот во зградата и запалија полициски автомобил.

Слични содржини